Захарова: Формулата на Зеленски е алхемија

од Симе Стоиков

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, која се планира да се одржи во Швајцарија, а за која говореше и украинскиот министер за надворешни работи, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Русија нема намера да учествува на таа конференција а формулата на Зеленски е алхемија“, рече Захарова.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба претходно изјави дека преговорите со Русија би можеле да се одржат помеѓу првиот и вториот состанок на највисоко ниво и во согласност со „мировната формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата на Кулеба ја коментираше и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека таквата изјава е во спротивност со забраната за преговори врз основа на „формулата Зеленски“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Швајцарската претседателка Виола Амхерд претходно изјави дека украинскиот претседател побарал да се организира мировен самит за Украина, а швајцарскиот министер за надворешни работи Игнатиус Касис во таа насока истакна дека нема алтернатива за учеството на Русија во решавањето на конфликтот во Украина по мирен пат. и дека одржувањето на мировната конференција без Русија не е можно.

Слични содржини