Закерберг најави повлекување од борбата: Маск е несериозен

од Nikola Popovski

Основачот на Мета, Марк Закерберг објави дека најверојатно нема да дојде до борбата во кафез со деловниот ривал и милијардер Илон Маск, која требаше да се случи во Италија. Закерберг тврди дека Маск е несериозен.

Закерберг и Маск се договорија за борба во јуни кога Маск на Твитер напиша дека е подготвен таа да биде во кафез. Сопственикот на Фејсбук и Инстаграм потоа објави скриншот од објавата на Маск со одговорот: „Испрати ми ја локацијата“. Но Закерберг вчера на својата нова социјална платформа „Threads„ објави дека „Илон не е сериозен“. Борбата требаше да се одржи на 28 август.

Време е да продолжиме понатаму. Му понудив договор. Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, понуди нашата борба да биде легитимен натпревар со хуманитарни цело. Илон не сака да го потврди датумот, вели дека мора да се оперира, а сега бара да тренира на моето мест. Ако Елон некогаш стане сериозен за вистинска борба, тој знае како да дојде до мене. Сакам да се фокусирам на борбата против луѓето кои сериозно го сфаќаат спортот, објавил Закерберг.

Минатата недела Маск на Твитер објави дека разговарал со италијанската премиерка Џорџа Мелони и италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано за локацијата на хуманитарната борба со Закерберг. Италијанскиот министер изјавил дека локацијата ќе биде историска, но дека нема да се одржи во Рим.

Размислуваме како да го организираме овој голем хуманитарен и историски настан притоа земајќи ја предвид заштитата на локацијата, вели Санџулијано.

Додал дека „огромни суми, милиони евра, ќе бидат донирани во две италијански детски болници“, а Маск најави дека „сите пари одат за воените ветерани“.

Закерберг тренира мешани боречки вештини, а на почетокот на годинава објави дека го завршил својот прв турнир во џиу-џицу. Маск минатата недела изјави дека тренирал за борбата со кревање тегови.

Слични содржини