Започна сесијата за Западен Балкан на Светскиот економски форум, присуствува и Пендаровски

од Vladimir Zorba

На Светскиот економски форум во Давос во тек е средба на европските лидери од светот на политиката и бизнисот, како и претставници на бројни меѓународни организации. На средбата зад затворени врати присуствува и претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

На сесијата посветена на Западен Балкан со наслов „Дипломатија и дијалог на Западен Балкан“ ќе се разговара за тоа како владата и бизнисот можат да соработуваат за да ја зајакнат отпорноста на регионот и да ги обезбедат неговите врски со клучните партнери во време на зголемен геополитички ризик.

Сесијата се одржува зад затворени врати, а на неа, меѓу другите, присуствуваат Одил Рено Басо, претседател на Европската банка за обнова и развој, Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум, Џелсомина Вилоти, потпретседател на Европската инвестициска банка, Кирјакос Микотакис, премиер на Република Грција, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска, Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ, Албин Курти, премиер на Косово, Дритан Абазовиќ, премиер на Црна Гора и многу други.

Слични содржини