Започнаа принудните неработни денови во Москва

од Milan1

Во Москва започнаа принудните неработни денови, кои, според претходната најава на градоначалникот Сергеј Собјанин, ќе траат речиси недела и половина за да се спречи ширењето на коронавирусот. За време на неработните денови во градот ќе биде прекината работата на сите фирми и организации. Исклучок ќе бидат институциите кои обезбедуваат функционирање на инфраструктурата на главниот град, а од услужните дејности ќе бидат отворени само продавниците за основни производи и аптеките.

Нема да работат рестораните, кафулињата, салоните за убавина, спа и салоните за масажа, солариумите, бањите и сауните, спортските комплекси, фитнес клубовите и базените.

Од 28 октомври до 7 ноември учениците нема да одат на училиште, ниту ќе работат градинките, но ќе се организираат дежурни групи за децата кои немаат со кого да останат дома.

Театрите и музеите ќе продолжат да примаат посетители и во неработните денови, но под услов да не бидат исполнети повеќе од 50 проценти од капацитетите.

Сепак, кината, концертните сали, местата за забава, библиотеките и циркусите ќе бидат затворени. Нема да има масовни културни, забавни, спортски, рекреативни и други активности.

Исклучок се настаните што се одржуваат со одлука на државните органи или во договор со московските институции.

Русија денеска објави 1.159 смртни случаи од Ковид 19 во последните 24 часа, што е најголем број досега. Регистрирани се 40.096 нови случаи на заразени, исто така најмногу од почетокот на епидемијата.

Слични содржини