Затекнати 50 лица во казино во време на пандемија, МВР со кривична пријава

од Nikola Popovski

МВР поднесе кривична пријава против 30-годишниот тетовец Б.П, кој како овластено лице во казино се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи.

Како што информираат од полицијата, на новогодишната ноќ на 31 декември 2020 кон 1 јануари 2021, полициски службеници од Жеровјане извршиле контрола во казиното и притоа биле затекнати 50 лица, со што било постапено спротивно на препораките и мерките на Владата за спречување на ширењето на Kовид-19.

Слични содржини