Затвор од пет години за судија од Управниот суд, ја оштетил државата за над 200.000 евра

од Nikola Popovski

Основниот кривичен суд Скопје, денеска 19.07.2023 година, на јавна расрпава, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот Мустафа Шахини, судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување и поднесено обвинение.

Според сите изведени материјални и вербални докази на обвинителството и одбраната, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот донел пресуда со која Шахини го прогласил за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осудил на казна затвор во траење од 5 години.

Против оваа пресуда, странките имаат право на жалба до Апeлациониот суд Скопје.

Обвинителството за организиран криминал и корупција на 5 декември 2019 година поднесе обвинение против судијата. Тој се товари дека ја оштетил државата за над 200.000 евра.

Обвинетиот до неговиот избор за судијa кон крајот на 2007 година, работејќи како адвокат, ги застапувал правните интереси на две физички лица, негови роднини, во оставинска постапка за градежно неизградено земјиште во Струга, со површина од 1.958.49 квадратни метри. Воедно, иако на нивниот правен претходник, по спроведена постапка за експропријација на земјиштето, со спогодба му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на оставинската постапка, тој повел постапка и пред Комисијата за одлучување по барањата за денационализација.

Во меѓувреме, обвинетиот бил избран за судија во Управниот суд, каде што била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со истиот предмет за денационализација, по кој обвинетиот постапувал претходно како адвокат.

Слични содржини