Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

од Stefanija Kuzmanovska

Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер конечно го финализираа разводот и ставија крај на судската драма.

Според правните документи до кои дошол TMZ, Кевин и Кристин потпишале договор за брачна спогодба, кој го поднеле до судот. Поминаа повеќе од 6 месеци откако Кристин поднесе барање за развод и според статутот на застареност во Калифорнија – случајот е завршен.

Детали за спогодбата се уште не се достапни, но за TMZ е потврдено дека судијата го потврдил нагодбата.

Двете страни бараа заедничко старателство над нивните три деца, а Кристин добиваше 63.000 долари месечно како алиментација. Таа бараше неверојатни 248.000 долари месечно. Една од ставките што таа ги навела на трошоците била 100.000 долари за естетска хирургија.

Кевин и Кристин лично го потпишале документот со кој се потврдува спогодбата, заедно со нивните адвокати.

Во документот се вели дека страните се откажуваат од типичните барања за часовите за заедничко родителство.

Слични содржини