Здравствени работници и инспектори меѓу новозаболените во Куманово и Липково

од Берта Китинска

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа регистрира 24 новозаболени од Ковид-19, соопштија денеска надлежните од здравствената установа. Од нив, 15 се во Куманово, а девет во Липково.

-Во Куманово после месец дена имаме поголем број на заболени. Новорегистрираните од Липково, пак потекнуваат од веќе познати кластери, изјави директорот на установата, д-р Ариф Љатифи.

Посочи дека во Куманово меѓу 15-те новозаболени, има три медицински сестри и едно лице од техничка служба од болницата, четворица пазарни инспектори, еден новозаболен е од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а еден е лекар кој работи во Скопје.

Денеска се извршени 40-тина тестирања од кои 25 во Липково, останатите се по „Мој термин“ и по однос на епидемиолошки индикации. До крајот на денот се очекува да се тестираат уште десетина лица.

Слични содржини