Зекири: Враќањето на Груевски како слободен човек е само пуста желба на неговите другари

од Nikola Popovski

Во однос на тоа дека во една од верзиите на нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша е предвидено мирно враќање на Никола Груевски, на голема врата, генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири смета дека тоа се само пусти желби на другарите на поранешниот премиер и азилант.

„Тоа реално нема шанси да се случи. Тој може да се врати само ако ја одлежи казната и да ги пречека останатите пресуди од предметите против него. Како слободен човек на голема врата во земјава, нема шанси да се врати“, потенцира Зекири.

За објавеното во нон-пејперот, Зекири подвлече дека нашата земја има стабилна влада и смета дека многу земји сакаат да имаат влијание по други помали земји.

Слични содржини