Зеленски: Ако им се суди на украинските војници во Мариупол, нема да има преговори

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека доколку има судење на украинските војници кои беа заробени од руските сили во Мариупол, какви било преговори со Русија ќе станат невозможни.

„Русија ќе се исклучи себе од преговорите во случај на судење на украинските војници во Мариупол“, рече Зеленски во видео обраќање, пренесува „Интерфакс Украина“.

Зеленски изјави дека Украина нема да толерира „малтретирање на луѓе за кои може да се каже само дека се херои на својата татковина и бранители на слободата на нивниот народ од напаѓачите“.

Слични содржини