Зеленски: Борбите се тешки, но украинските сили доминираат

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека руските војници со сите сили се обидуваат да ги запрат одбранбените сили на Украина, но дека украинските бранители доминираат.

Ова го изјави Зеленски во својата вечерна видео порака.

„Нападите се многу силни. Во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Маринка, Авдејевка. Јужниот правец. Секаде е тешко. Но, што и да прави непријателот, доминираат украинските сили“, рече Зеленски во видео-обраќањето, пренесува „Униан“.

Тој додаде дека Украина работи на тоа да има повеќе системи за противвоздушна одбрана и дека тоа е задача на секој нејзин амбасадор и претставник.

Слични содржини