Зеленски го критикуваше Кличко: Има многу поплаки, не си ја заврши работата добро

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно го критикуваше градоначалникот на Киев и познатиот боксер Виталиј Кличко, наведувајќи дека не завршил добра работа во организирањето засолништа за помош на граѓаните кои останале без вода и струја поради руските напади врз инфраструктурата.

– За жал, локалните власти не ги завршија добро работите во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки… Најблаго кажано, треба да се работи повеќе. Ве молиме, обрнете внимание, на луѓето во Киев им треба повеќе помош, многумина се без струја. Очекуваме квалитетна работа од градоначалникот – рече Зеленски.

Ова беше едно од ретките јавни несогласувања во Украина од почетокот на војната на 24 февруари. Зеленски ги критикуваше и оние, како што наведе, кои лажеле во официјалните извештаи.

Кличко засега не се огласил.

Слични содржини