Зеленски: Мора да ги контролираме нашите емоции, повлекувањето можеби е трик

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика Украинците да покажат воздржаност и претпазливост по наредбата на Русија да ги повлече војниците од клучниот јужен град Херсон.

Во своето ноќно обраќање, Зеленски предупреди дека „непријателот не им носи подароци“ и посочи дека повлекувањето на Москва од Херсон може да биде трик за привлекување на украинските сили да напредуваат во битката во стратешки важниот град.

Во средата, највисокиот руски командант во Украина, Сергеј Суровикин, рече дека на војниците им било наредено да се повлечат од Херсон бидејќи повеќе не е можно да се одржува снабдувањето на градот.

Зеленски рече дека денес има многу радост во медиумскиот простор и јасно е зошто.

„Денеска владее голема радост во медиумскиот простор и јасно е зошто. Но, ние мора да ги контролираме нашите емоции – секогаш за време на војна. Но, треба да разберете: никој едноставно не бега ако не почувствува сила. Непријателот не ни носи подароци, не прави гестови на добра волја“, порача тој.

Слични содржини