Зеленски: Однесувањето на Шредер е одвратно

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека однесувањето на Герхард Шредер е одвратно, откако поранешниот германски канцелар отиде во Москва минатата недела и тврдеше дека Русија сака да „преговара за решение за војната“, пишува „Гардијан“.

Украинскиот претседател ги даде коментарите во средата за време на неговото ноќно видео обраќање, откако Шредер изјави за германските медиуми дека нема за што да се извинува поради неговото пријателство со Владимир Путин.

„Западот треба да покаже поголемо разбирање кон реалните стравови на Русија“

„Едноставно е одвратно кога поранешните лидери на големите држави со европски вредности ја поддржуваат Русија, која води војна против истите тие принципи“, рече Зеленски.

Во петчасовното интервју за Стерн и РТЛ, Шредер директно не ги коментираше размислувањата на рускиот лидер. Сепак, тој рече дека по разговорот со Путин смета дека конфликтот со Русија може да се реши, но дека се потребни дополнителни преговори кои треба да ги водат Германија и Франција.

Тој додаде дека Западот треба да покаже поголемо разбирање кон „реалните стравови на Русија, која се плаши од притисокот на непријателските земји“.

Слични содржини