Зеленски откри зошто нема да има пауза на бојното поле

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека запирањето на конфликтот ќе биде од корист за Русија и рече дека нема да има пауза на бојното поле.

Зеленски во Талин се сретнал со естонскиот претседател Алар Карис.

Зборувајќи за новинарите по средбата, Зеленски посочи дека сценариото за завршување на конфликтот во Украина ќе биде од корист само за Русија.

„Нема да има пауза на бојното поле бидејќи таквата одлука би била од корист за Руската Федерација и ќе предизвика продолжување на војната против Украина во иднина. Таков чекор нема да доведе до крај на војната, ниту до политички дијалог со Русија“, посочи Зеленски.

Коментирајќи ги односите меѓу Украина и НАТО, Зеленски рече дека Киев заслужува покана за членство во организацијата на следниот самит.

„Заслужуваме покана за НАТО на самитот во Вашингтон. Киев е подготвен за овој чекор. Тоа би била најдобрата безбедносна гаранција што би ја елиминирала руската закана“, истакна Зеленски.

Естонскиот претседател Карис, пак, рече дека процесот на прием во НАТО е долгорочен, но дека е неопходно да се забрза интеграцискиот пат на Украина.

„Единствен начин за сите демократски земји да се одбранат е да влезат во НАТО“, рече Карис и најави дека Естонија ќе обезбеди 1,2 милијарди евра помош за Украина до 2027 година.

Слични содржини