Зеленски: Подготвуваме нова контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија подготвува нова контраофанзива во Црното Море и во зоната на специјални воени операции.

„Ќе го направиме тоа“, изјави Зеленски за американската телевизија „Фокс њуз“.

Украинскиот претседател навел и дека контраофанзивата ќе ја „изненади“ Русија.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на последниот извештај што му го достави на рускиот лидер Владимир Путин рече дека за време на претходната контраофанзива, 166.000 украински војници биле убиени или ранети, а украинската армија изгубила повеќе од 800 тенкови, речиси 2.400 оклопни возила, повеќе од половина од „Леопардите“, 123 авиони и хеликоптери, пренесуваат руските медиуми.

Тој исто така рече дека украинската контраофанзива се управува и контролира од штаб воспоставен во странство.

Слични содржини