Зеленски тврди дека Украина ќе стане членка на ЕУ за неколку месеци

од Nikola Popovski

Барањето на Украина за членство во ЕУ може да биде одобрено за неколку месеци, изјави претседателот на земјата, Володимир Зеленски.

Тој рече дека разговарал со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и дека очекува брз напредок во барањето на Украина за брзо членство во ЕУ, пренесе Би-Би-Си.

Зеленски информира дека Фон дер Лајен му „ветила дека ќе стори сé што е можно за да го забрза пристапот на Украина во ЕУ“.

„Ќе станеме полноправна членка на ЕУ. Ќе се забрзаат и скратат бирократските процеси кои траат со години“, рече Зеленски.

 

Слични содржини