Зеленски за парадата во Москва: Немаше да отидам, дури и да ме поканеа

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека нема да замине во Москва на парадата, што ќе се одржи како дел од 75-годишнината од Победата во Втората светска војна – дури и ако го поканат.

„Не, не би одел. Ми се чини дека немаше официјална покана“, одговори Зеленски во интервју за весникот„ Глоуб енд мејл“ кога го прашаа дали ќе присуствува на парадата и дали е поканет на неа.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето дали Русија испратила покана до украинскиот претседател Владимир Зеленски, рече дека не.

„Колку што знам, не. Како што е познато, Украина е де факто и во голема мерка де јуре, не е членка на Заедницата на независни држави (ЗНД), не покажува желба да учествува во работата на таа структура и не сигнализираше на никого дека сака да сподели радост заради тој празник“, заврши Песков.

Портпаролот на Кремљ подоцна додаде дека ако некој од украинските политичари сакаше да присуствува на Парадата на победата во руската престолнина – тоа ќе биде можно.

Украина се повлече од членството во ЗНД во 2014 година, по анектирањето на Крим од страна на Русија.

Слични содржини