Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Иран

од Radmila Tasevska

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди провинцијата Јужен Хорасан, на истокот на Иран, јави Анадолија.

Земјотресот, чиј епицентар бил во близина на градот Босруја, е регистриран во 16:54 часот по локално време, објави иранската агенција ИРНА.

Наведено е дека земјотресот е регистриран на длабочина од осум километри.

Слични содржини