Земјите членки на ЕУ добија зелено светло: Имате право на руски и кинески вакцини, но има еден улов

од Берта Китинска

Земјите на ЕУ ги имаат сите законски права да купат руска или кинеска вакцина, но во тој случај, тие ќе ја сносат целата одговорност за последиците од нивната употреба, изјави портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, во Брисел.

– Европската комисија утврди портфолио на заедничка набавка на вакцини, што ги обврзува земјите учеснички во таа стратегија да не водат паралелни преговори со компании кои снабдуваат вакцини во рамките на тоа портфолио. Од правна гледна точка, земјите-членки на ЕУ имаат право да купуваат вакцини од производители кои не се дел од европскиот пакет за нарачка на вакцини – објасни Мамер.

Тој потсети дека постои „пан-европски процес на сертифицирање на вакцините, заснован на процедурите на Европската агенција за лекови, но исто така постои и постапка што дозволува употреба на вакцината во итна ситуација, под услов целосна законска одговорност за последиците од овие вакцини лежат во земјите-членки на ЕУ и да се користи таа постапка.

– Ова овозможува набавка на вакцини кои не добиле дозвола за комерцијализација на пазарот на ЕУ од Европската комисија, врз основа на препораката на Европската агенција за лекови – потенцира Мамер.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека употребата на руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“ ќе биде можна во Австрија доколку вакцината биде одобрена од Европската агенција за лекови. Според него, во тек се преговори со производители на вакцини од Русија и Кина, потенцирајќи дека тоа не се геополитички проблеми.

– Клучен факт е дали „Спутник V “ ќе добие одобрение од Европската агенција за лекови – рече австрискиот канцелар.

Да потсетиме, Унгарија и Словачка веќе ја одобрија руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ на индивидуална основа, без да чекаат од Европската агенција за лекови да го издадат одобрувањето. Претходно беше објавено дека Европската агенција за лекови (ЕМА) ја започна постапката за испитување на вакцината „Спутник V“за нејзино следно регистрирање.

Да потсетиме, Европската комисија склучи договори со западни компании за претходна нарачка на 2,6 милијарди дози вакцини од август минатата година.

Од тие шест производители, тројца досега ги лиценцирале своите вакцини во ЕУ – „Фајзер“, „Модерен“ и „АстраЗеенка“. Сите три компании започнаа да доставуваат вакцини до Европската унија, но во помали количини отколку што е предвидено во договорите заради проблеми со производството и логистиката.

Слични содржини