Зголемено производството и потрошувачката на јаглен во ЕУ минатата година

од Vladimir Zorba

Производството и потрошувачката на јаглен во ЕУ се зголемени во 2022 година во однос на 2021 година, објави денеска Евростат.

Во 2022 година во ЕУ се произведени 349 милиони тони јаглен, што претставува годишен раст од 5,0 отсто, а се потрошени 454 милиони тони – 2,0 отсто повеќе од 2021 година.

Кафеавиот јаглен има најголемо учество во производството и потрошувачката, а во 2022 година во ЕУ се произведени 294 милиони тони од овој вид јаглен, што е раст од 6,0 отсто на годишно ниво.

Слични содржини