Жена од Аеродром демантира: Манијак влезе во мојот дом и почна да се самозадоволува, настанот не беше на јавно место

од Nikola Popovski

МВР денес информираше дека скопјанка пријавила едно лице за недолично однесување (самозадоволување) на територија на општина Аеродром. Веднаш по објавата на веста, до редакцијата на „Локално“ стигна допис од жената, која ја демантира веста од полицијата и ја раскажува ситуацијата во целост.

Жителката на скопската населба Аеродром вели дека е потресена од „средбата“ со перверзниот маж. Таа не информира дека мажот се качил на нејзината тераса на приземјето од зградата во која живее, по што почнал да се самозадоволува.

-Наеднаш, без да слушнам ништо, гледам некој ја отвора вратата од тераса и ВЛЕГУВА ВНАТРЕ ВО СТАНОТ, ПРАВИ ЕДЕН МЕТАР ЧЕКОР, ПАНТАЛОНИТЕ СПУШТЕНИ И ПОЧНУВА ДА СЕ САМОЗАДОВОЛУВА. значи ова не е САМОЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ЈАВНО МЕСТО него е ВО МОЈОТ ДОМ, ЗНАЧИ Е И ПРОВАЛА. Јас почнувам да викам на цел глас целосно во шок од кој се уште се опоравувам, немам сили од шокот да направам ништо само викам а тој неколку минути продолжува да го прави тоа гледајќи надолу, нема никаква реакција на моето РИКАЊЕ И ПАНИЧЕЊЕ , дури после одредено време откако почнав да мрдам-сакав да изклезам надвор или да фатам предмет- тој набрзина излегува и забележувам дека во три чекори успева да ги прескокне и бетонската ограда од балконската тераса и оградата од дворот. Инаку дворот има висока охграда но тој успеал да најде едно делче каде може да се прекачи-со помош на качување на трансформатор, вели жителката на Аеродром во дописот до „Локално“.

Таа додава дека викнала полиција, кои направиле записник, рекле дека отворен е случај и ќе се трага по лицето.

-Но не земаа отпечатоци, нити некој друг особен труд вложија, а и од досегашни кажувања и искуства не верувам дека нешто ќе се направи. За жал не се сеќавам многу на ликот, но знам дека беше млад висок околу 179 можеби, со темна јакна и капуљача и очигледно ме демнел, каков ми е дворот, кога сум сама дома, излегувам на цигара па и кога ја оставам вратата незаклучена (а во пет години тоа се случило само неколку пати) Полицијата беше исто така збунета бидејќи вакви типови на луѓе обично не влегуваат дома и тоа го прават на јавни места, улици, паркинзи, паркови, влезови. Жива среќа што не ме нападна но тоа не го намалува стресот, јас веќе нема да можам да бидам сама нити ќе излегувам на тераса, вели жената во реакцијата и бара од граѓаните да внимаваат во околината на ТЦ Бисер.

Слични содржини