Жени со свое ЈАС никогаш нема да ги направат овие нешта поради маж

од desk4

Секоја жена се нашла во ситуација да биде побарано од нејзе да промени нешто во изгледот, однесувањето или социјалниот живот, во име на љубовта или врската.

Но, ова е сигурен знак дека таа личност не е за вас. Љубовта и среќата во врската се многу повеќе од физички изглед, облека и социјален статус.

Затоа, силните жени никогаш не ги менуваат овие нешта поради маж:

Диети

Одлуката за диета, здрав живот или вежбање треба да ја донесете самите поради себе, не за некој друг, а најмалку поради маж кој неодамна се појавил во вашиот живот.

Прекинување пријателства

Ако вашиот нов дечко има забелешки за дружењето со пријателите, подобро бегајте што подалеку и што побрзо. Не смеете да дозволите маж да ви ги уништи односите со пријателите.

Жртвување кариера

Никогаш никој не смее да ве стави во ситуација да избирате меѓу врската и кариерата. Можеби сте многу вљубени, но работата и личниот развој се многу поважни од тоа.

Менување на стилот

Воопшто нема потреба да се облекувате поинаку или да се шминкате или не ако вашето момче има мислење околу тоа. Вие сте веќе оформена личност, која се сака и почитува себе.

Менување фризура

Ако тој сака русокоси, слободно испратете го да си пронајде таква девојка. Ако и понатаму се обидува да ја смените фризурата, дадете му до знаење дека ќе го направите тоа само доколку самите така сакате.

Слични содржини