Добрата вест е што денеска сме тука и што овие ревизорски извештаи конечно се во вистински раце и можеме да очекуваме дека правдата ќе биде задоволена, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по исказот што денеска го даде во Специјалното јавно обвинителство во врска со проектот „Скопје 2014“.

zernovski-pred-sjo-2

Тој изјави дека во СЈО ги доставил двата ревизорски извештаи, изработени на барање на општината, а во врска со контроверзниот проект. Градоначалникот не сакаше да сподели повеќе детали од исказот во ова обвинителство затоа што се работи за предистражна постапка која е тајна.

– Во СЈО ги предадов двата ревизорски извештаи, од кои едниот е изготвен во август 2013 година. Овие материјали уште тогаш беа предадени во јавното обвинителство, но еве веќе три години тие се ставени во фиока и обвинителството ги игнорира. Инаку во овие материјали е точно наведено за кави незаконски постапки станува збор околу проектот „Скопје 2014“. Проектот првично беше најавено дека ќе чини 80 милиони евра, но тој сега чини осум пати повеќе, односно 640 милиони евра – изјави Жерновски.

 

МЕТА

Слични содржини