Жители Ново Маало: Почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови

од Andreja Salpe

Откако вчера била поднесена петицијата до Владата на РСМ и Општина Центар со која бараме во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој би ја спречил изградбата на комплексот кај Холидеј Ин, жителите на Ново Маало почнуваат со мобилизација на правен тим во одбрана на нивнте ставови.

„По досегашните консултации со правни експерти, децидно укажуваме дека нашите права се неопсориви, пред се правото на сопственост на имотот со кој располагаме што е уставно загарантирано право на секој човек. Правото на сопственост како уставно загарантирано право на сопственикот му дава права имотот да го држи, целосно да го користи и да располага со него по своја волја.

Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати.

Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината.

Исто така, напоменуваме дека до добивање на конечен одговор на нашите тужби, до последниот ден, ние жителите на Ново Маало ќе ги блокираме сите улици кои ја оградуваат парцелата.“, велат тие.

Слични содржини