Животот го загубија 228 лица: Airbus и Air France не се виновни за несреќата според одлуката на судот во Париз

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот производител на авиони Airbus и француската авиокомпанија Air France, на кои им се судеше за „убиство од небрежност“ за падот на авионот на летот од Рио де Жанеиро до Париз во кој загинаа 228 лица, денеска беа ослободени пред судот во Париз.

Речиси 14 години по несреќата, судот за прекршоци во Париз ги ослободи двете компании, оценувајќи дека се направени грешки, но не е докажана причинско-последична врска со несреќата.

Групите за солидарност и поддршка на семејствата на жртвите изразија големо незадоволство од пресудата.

Летот AF447 се урна и потона во Атлантскиот Океан на први јуни 2009 година, при што загинаа 216 патници и 12 членови на екипажот. Во авионот имало државјани на 33 земји, меѓу кои 72 Французи и 58 Бразилци.

Тоа е најтешката несреќа во историјата на француската компанија.

Слични содржини