Пивото е еден од најпознатите и најпосакувани пијалоци во светот. И покрај својата популарност има многу интересни факти за него, кои сè уште не ни се познати. Во рубриката “Знаете ли дека…?, споделуваме некои од нив. Не заборавајте да го конзумирате умерено и со задоволство. На здравје!a8efb899357f299a6149ccbdd6e4ac95

Многу љубители на пивото не ја одобруваат пената на врвот на чашата, затоа внимаваат како го точат своето пиво. Но, тоа може многу да покаже за квалитетот на пивото. Ако има пена, но не се забележува на чашата како чипка, дури и по  голтка, заменете го пивото.

Знаете ли дека марихуаната и хмељот се од едно растително семејство? Иако двете растенија имаат многу генетски сличности, марихуаната нема како да го замени хмељот за правење на пиво.

Една од главните состојки за правење на пивото е водата. Таа е од клучно значење за квалитетотот и добриот нејзин вкус. Специјалистите сметаат дека едни од најдобрите и чисти води за правење на пиво во светот доаѓаат од планините на Ирска.

Чашата од која го консумирате пивото исто така влијае на вкусот. Ако таа е со рачка или е направена од дебело стакло, тоа ќе го заштити пијалокот од затоплувањето со рацете.

Зитологија е термин кој се употребува за изучување и следење на целокупниот процес на подготовка на пиво.

Дали знаете дека првите професионални пивари биле жени?

Има 400 различни видови пиво, а во Белгија има најмногу индивидуални брендови пиво во светот.

Најскапото пиво Vielle Bon Secours е толку скапо што се нуди само во еден бар во Лондон. Неговата цена е околу 700 фунти за шише.

Пивото може да биде корисно за здравјето

Пивото ги содржи речиси сите минерали, кои ни се потребни. Што значи дека ако таа остане единствениот пијалок на земјата, може да преживееме, бидејќи е добар извор на енергија и хранливи материи.

Пивото нè прави попаметни! Истражување на британски експерти покажа дека жените кои пијат пиво во умерени количини имаат подобра когнитивна функција во споредба со оние кои не го сакаат пијалокот.

Но, пивото може да помогне и за зајакнување на коските, преку заштита на коскената минерална густина, поради високите нивоа на силициум.

Слични содржини