31.1 милиони луѓе во светот минатата година станаа бегалци

од desk3

31.1 милиони луѓе во светот беа принудени да ги напуштат своите домови поради вооружени конфликти, насилство или природни катастрофи минатата година и да се населат во други области на нивните земји, покажуваат податоците на Норвешкиот комитет за бегалци, цитирани од новинските агенции.
Тоа значи дека секоја секунда по еден човек требало да го напушти домот. Со секоја наредна година се продлабочува проблемот со внатрешно раселените лица, потенцираат од комитетот.

Според презентираните податоци 6.9 милиони од овие 31.1 милиони бегалци ги напуштија домовите поради насилство или воен конфликт. Значителен дел од нив се од Демократска Република Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Нигерија и Јемен. Останатите 24,2 милиони побарале живот на друго место, принудени од природни катастрофи, главно поплави.

Слични содржини