“Никогаш не си целосно облечен без насмевка.” – Мартин Чарнин8971bee453a08cb926322a18cc1ea426

А. кога насмевка ви е бела, сигурно ќе го привлечете вниманието кон себе. Омилените пијалоци и храна, секојдневно оставаат бледи флеки на забите. Насмевката губи шарм и ние чувствуваме грижа кога ќе се насмевнеме.

Еве 4 природни средства за нега, кои може да ги применувате секој ден или секој втор ден. Тие ќе ја вратат белината на забите, ќе ги зајакнат непцата и ќе ви го освежат здивот.

Млеко во прав

Млекото во прав не само што е одлично за вашите пијалоци или колачи, но и за белење на забите. Направете паста од млеко и вода. Тријте ги нежно забите во период од 1-2 минути и исплакнете ја устата со вода. По желба може да се комбинира млекото и со паста за заби.

Јагоди

На пазарот веќе се нудат свежи јагоди. Вкусните плодови ги белат на забите и го освежуваат здивот. Земете една јагода и пресечете ја на две. Тријте ги во текот на неколку минути забите и потоа оставете да дејствува врз забната глеѓ. Овошните киселини во јагодите ќе ја направат вашата насмевка повеќе бела и не е толку агресивна како лимонската.

Корисни масла

Маслиновото масло , кокосовото и сусамовото масло имаат способност не само да ја белеат насмевката, но и да ја намалат акумулацијата на плакетата на забната глеѓ. Исто така ги зараснуваат непцата и го освежуваат здивот. Земете одредено количество кокосово масло и намачкајте на забите.

Сладунец

Џвакањето корен од сладунец, исто така може да ја избели природно насмевката. Билката помага и за намалување на ризикот од појава на периодонтитис. Пред да ја употребите сепак е добро да се консултирате со лекар или фармацевт, бидејќи билката има и несакани дејства.

Слични содржини