Migrants queue in the compound outside the Berlin Office of Health and Social Affairs (LAGESO) as they wait to register in Berlin, Germany, October 7, 2015. REUTERS/Fabrizio Bensch

Околу 5. 000 бегалци повеќето од Сирија и Ирак се заглавени на македонскo-грчката граница во транзитниот центар во Идомени. Најголемиот број од нив се жени и деца. Во апелот кој го испратија во НОВА, тие бараат помош од македонската Влада да ги пушти да поминат низ државата, бидејќи како што велат ситуацијата е многу тешка.

Ние сме бегалци, повеќето од нас од Ирак и Сирија околу 5.000 сме на број, најмногу жени и деца. Заглавени сме на грчко-македонската граница. Ситуацијата е многу лоша. Резервите од хуманитарна помош се при крај и не се доволни, а условите се многу лоши. Ја молиме македонската Влада да преземе мерки и да да не спаси од хуманитарна катастрофа“ се вели во пораката која ја испратија до НОВА.

580 бегалци дневно ќе биде максималниот број на бегалци кои дневно ќе можат да поминат граница. Полициите на Словенија, Австрија, на Македонија, Србија и на Хрватска се договорија да го ограничат протокот на бегалците за да се зголеми контролата.

Слични содржини