Радовишанка заврши во болница по пожар во нејзината куќа

од Vladimir Zorba

Пожар  што бил регистриран ноќеска, ја принудил 75-годишна радовишанка, која се изнадишала чад да заврши во болница.

Пожарот бил регистриран во Радовиш ноќеска во 1.35 часот. Тој се случил на улицата 22 Октомври. Пожарот избувнал во куќата на 75-годишната М.Р., при што изгорела покуќнината во собата каде што спиела сопственичката. Пожарникарите го изгасиле пожарот, а жената која што го вдишала од чадот потоа била префрлена во Медицинскиот центар во Штип.

Слични содржини