7 видови храна кои го зајакнуваат организмот

од Vladimir Zorba

Познато е дека здравата исхрана, богата со хранливи минерали влијае позитивно врз целиот организам. Еве и седум видови храна кои го зајакнуваат организмот.

Житните зрна – Тие се идеални за појадок. Најдобро е да се варат со млеко, а не со вода. Овие производи го намалуваат шеќерот во крвта;

Спанаќ – тој зеленчук е голем извор на железо, калциум и витамин А и Ц. Тој е одлична храна за коските и мозокот;

Лосос – Содржи омега 3 масти и спречува ризикот од срцеви заболувања; Делува на расположението и го спречува губењето на меморијата;

Јогурт – Тоа е голем извор на протеини;

Слаткиот компир е поволен за нервниот систем и е богат со витамините Б, Ц и Е;

Боровинките – Овој плод изобилува со витамини, минерали и антиоксиданти. Помага во подобрување на меморијата, а исто така може да спречи и некои видови рак;

Авокадо – Тоа е единствениот плод кој има масти за намалување на високото ниво на лошиот холестерол. Тој е извор на влакна, содржи витамин Е, за кој научниците веруваат дека помага при спречување на ракот.

Слични содржини