Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска попладне во Амбасадата на САД се сретна со Хојт Ји, заменик помошникот државен секретар, надлежен за Европски и Евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, како и со американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли.

USEmbassySkopje

Како што соопшти ДУИ, Ји и Ахмети разговарале за политичката криза во Македонија, придонесот на ДУИ за надминувањето на актуелната криза, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО.

Ахмети ја изразил подготвеност на партијата чиј лидер е тој да даде конкретен придонес кон итното надминување на состојба на политичката криза во земјата и побарал Вашингтон да ги охрабри партнерите во Брисел за да продолжи со поинтензивен процес на преговорите меѓу страните, особено во пресрет на министерскиот состанок на НАТО во Mај.

Секое решение на политичката криза, истакнал на средбата Ахмети, треба да биде резултат на политичкиот дијалог помеѓу партиите во земјата.

– Не само ДУИ, туку сите граѓани имаат инвестирано многу во Евроатлантскиот интегративен процес и затоа сите треба да покажат одговорност и демократски институционален капацитет за решавање на политичката криза која сериозно влијае на имиџот на земјата во очите на меѓународната заедница, истакнал лидерот на партијата на средбата. /МИА

Слични содржини