Ајрланд Болдвин се разделила со нејзината девојка, пред да влезе во клиника. Во моментов 19-годишната ќерка на актерот Алек Болдвин и актерката Ким Бесинџер ја лекува “емоционална траума” во посебен центар во Малибу.3bd292537b3baa810fe5f9b91c3a14b6

Клиниката е позната по лекување на зависноста од алкохол и дрога, поточно психолошктеи причини кои довеле до неа.

Пред да отиде за лекување сепак, Ајрланд ја завршила својата 10-месечна врска со раперката Ангел Хејс .

И покрајсериозната промена во љубовниот живот на моделот, извор откри пред New York Post, дека тоа не е причината ќерката на Алек Болдвин да побара стручна помош.

Всушност според блиски до русокиот модел одлуката е последица на различни проблеми и тешкотии.

Самата Ајрланд пак негира дека нејзиното семејство има нешто заедничко со упатувањето во клиниката во Малибу и додаде дека кога се почувствува подготвена, ќе ја сподели вистинската причина за својата одлука.

 

Слични содржини