Амбасадорската шесторка го продолжи походот, по средбите со преседателот Иванов и премиерот Никола Груевски и жестоките пораки до нив, денеска јасно и гласно со коалицискиот партнер во Владата, Али Ахмети . Тие побараа ДУИ да се заложи за институциите да обезбедат целосна, транспарентна, независна и веродостојна истрага на содржината и неправилностите од телефонските разговори кои што ги објави опозицијата.
ахмети

Се надеваме дека ДУИ ќе ја искористи влијателноста за доброто и иднината на сите македонски граѓани, изјави по средбата во име на сите амбасадори, амбасадорот на Италија во Македонија – Масимо Белели.

Ахмети реши да не одговори дали ќе ги послуша и што ќе превземе ДУИ. Амбасадорите речиси два часа зад затворени врати на лидерот на ДУИ му порачале дека ДУИ ја дели одговорноста за напредувањето на демократските вредности во земјава, но и побарале од Ахмети ДУИ да го искористи своето влијание за доброто на граѓаните и да заземе став, но без да прецизираат што конкретно значи тоа.

Ахмети пак и денеска по неколку дневен молк, реши да ги избегне новинарите. Не одговори дали чувствува одговорност за случувањата во Куманово, но и дали заземањето став кој го бара амбасадорската шесторка од него, значи став околу понатамошното учество на ДУИ во Владата.

Амбасадорите на САД, ЕУ, В.Британија, Франција, Италија и Германија во моментов  се среќаваат и со лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Амбасадорите  вчера го предупредиле премиерот дека со ваквото однесување е загрозена евроатланската перспектива на земјата.   Од Владата нема коментар на пораките кои амбасадорите на највлијателните земји ги испорачаа, ниту пак одговор како Владата ќе постапи.

 

 

Слични содржини