Американска подморница пристигна во Јужна Кореја, тензиите се покачува

од Vladimir Zorba

Американска подморница пристигнала во Јужна Кореја во  позадината на заканите за  нови тестирања на проектили и нуклеарни проби од страна на Северна Кореја.

Вооружената со ракети нуклеарна подморница “Мичиген” ќе се приклучи кон пристигната група воени бродови, предводени од носачот на авиони “Карл Винсон”, соопштува ББЦ.

Северна Кореја одбележува 85-годишнината од создавањето на Армијата денес.

Армијата на Северна Кореја спроведува најголемите маневри досега

Тензиите  на Корејскиот полуостров се зголемија во последниве недели, откако САД и Северна Кореја разменија остри реплики.

Подморницата “Мичиген” е вооружена со 154 ракети “Томахоук” , а на неа се наоѓаат 60 борци од специјалните единици .

Се очекува подморницата да земе учество во воени вежби со групата воени бродови, предводена од авиони “Карл Винсен” испратена од САД со цел покажување на “мускули” на Северна Кореја.

Слични содржини