Американски кошаркар почина на тренинг во Охрид

од desk3

Американецот Мур Камерун синоќа починал за време на тренингот што го имал со кошаркарскиот тим Охрид АВ.

14593199_1766505126946349_1689337803_n

Од клубот ја потврдија информацијата за трагедијата. Кошаркарот пристигнал во Охрид како засилување за охриѓани.

Неофицијално, на кошаркарот му се слошило за време на првиот тренинг, по што починал во салата. Била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на кошаркарот е предадено на обдукција./MИА

Слични содржини