Аневски не сака да ги коментира казните за напаѓачите врз пратениците

од Vladimir Zorba

Советот на јавни обвинители денеска повторно ја одложи седницата, на која требаше да се изберат двајца обвинители во Вишото јавно обвинителство во Скопје и еден во Републичкото, информира ТВ24.

Претседателот на советот, Петар Аневски не сакаше да се впушти во оценка за тоа дали обвиненијата за насилството во собранието се преблаги за учество во толпа, бидејќи како што рече, немал увид во предметите, а не сакаше ниту даде оценка за тоа што го видел во снимките.

„Од мојата пракса, додека не го видам предметот не можам ништо да кажам. Снимките ги видов, ама не го видов предметот“,- изјави Аневски.

Во меѓувреме во ОЈО повторно се даваа искази за настаните од „Крвавиот четврток“. Зијадин Села кој денеска по втор пат беше во обвинителството, изјави дека на обвинителите не им поднел никакви докази, бидејќи смета дека нема потреба од тоа, кажа дека на снимките се било јасно. Со Села, денеска на распит беше пратеникот Александар Кирацовски, кој побара од обвинителството поголема ангажираност со цел сторителтие да бидат изнесени пред лицето на правдата.

„Треба да одговараат пред правдата, ако самае правна држава. Многу е јасно кои се нарачателите, зошто не се срамат. Тие се претседателите на партии“, изјави Зијадин Села.

„Пресудите на дел од обвинетите се срам за ова судство и се несоодветни.“, вели Александар Кирацовски, пратеник и потпреседател на СДСМ

 

Слични содржини