Антисемитизмот е грозен и мора да престане, порача Трамп

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги осуди неодамнешните закани кон еврејските центри во САД и ги окарактеризира како „грозни и болни“.

За време на посетата на националниот музеј на Афроамериканската историја и култура, Трамп рече дека заканите се „тажен потсетник“ за тпа што уште треба да се направи.

Во изминатите неколку недели 27 еврејски центри во САД добија закани за бомби, а само во текот на вчерашниот дек поради такви закани се евакуирани 11 центри.

Трамп рече дека Афроамериканскиот музеј потсетува зошто треба да се бори против дволичноста, нетолеранцијата и омразата во сите облици./Мета

– Ќе ви кажам дека антисемитизмот е грозен и ќе престане и мора да престане – рече Трамп.
Кон истрагите за бомбашки закани, кои ги води ФБИ, се приклучи и Министерството за правосудство.

Слични содржини