Апел од МНР: Граѓаните кои патуваат во и од Катар, претходно да се информираат

од Vladimir Zorba

Министерството за надворешни работи ги советува граѓаните на Република Македонија, пред патување во и од Државата Катар, да го контактираат авио-превозникот, да се информираат за можните промени во термините и начинот на нивното патување, а во случај на потреба, да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Доха или директно во македонското МНР, се вели во денешното соопштение од министерството.

– Неколку земји од регионот на Персискиот залив, меѓу кои и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин,… на 4 јуни годинава ги прекинаа дипломатските односи со Државата Катар, што резултираше со прекин на поголем број патни, поморски и воздушни правци помеѓу овие земји и Катар, како и рестрикции за патување и престој на граѓаните на Катар во овие земји, се наведува во соопштението.

Министерството за надворешни работи на РМ, како што стои во соопштението, ќе го следи развојот на настаните во овој регион и навремено ќе ги известува македонските државјани за сите промени.

Слични содржини