Апелација се изјасни за Сеад Кочан-делумна уважена жалбата а притворот останува!

од Vladimir Zorba

Останува мерката притвор коментарирaат експертите и според оваа делумна одлука на Апелацискиот суд

Делумно е уважена жалбата за притворот имајќи ги предвид  под околности за можности за бегство  реши пред малку Апелацискиот суд по жалбата за притвор на Сеад Кочан . Тоа значи  според правни експерти, останува на сила потрагата за  изврушување на одлуката за 30 дневен притвор по одлука на Кривичен СУД, а барање на Специјалното јавно обвинителство.

Претходната одлука за притвор на кривичниот совет на Основниот суд Скопје, беше определна по три основи, а сега со решението на апелација, се определува само по една точка, односно, поради опасност од бегство.

Бизнисменот Кочан е првоосомничен во сличајот „Труст“, кој го води СЈО за учество во тендер на ЕЛЕМ со наместена документација при што државата е оштетена за 17 милиони евра.

Откако минатата недела кривичниот совет му одреди 30-дневен притвор, тој  се вдаде во бегство, и стана недостапен за полицијата.

Се чека соопштение на Апелацискиот суд колку за прецизност на одлуката.

Слични содржини