Апсурдно: Терористот со чекан од Париз е докторант кој ја бранел слободата на говорот и демократијата !?

од Vladimir Zorba

Студентот кој вчера  се обиде да нападне полицаец пред Париската Света Богородица и беше застрелан, е 40-годишен докторант.

По претресот во студентското дом е најдено видео, каде авторот на нападот сам изјавува дека делува за Исламска држава, дека е инспириран од неа, пренесоа bTV. Тој е 40-годишен докторант, со алжирски документи за лична идентификација. Подготвувал докторат по информации, комуникација и историја на новинарството.

Тој ја бранел слободата на говорот и демократските принципи, што воопшто не одговараат на принципите на џихадисти. Работел и како преведувач.

Како што инфирмиравме тоа е  нископрофилен тероризам, бидејќи напаѓачот бил вооружен само со чекан и кујнски ножеви. Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломбо вели дека напаѓачот е викал “тоа е за Сирија”, додека се обидувал да се нафрли врз полицајците. “Мажот се појавил зад полицајците и вооружен со чекан, почнал да удира еден од нив. Неговите колеги реагирале и го застрелал”, рече Коломбо новинарите.

Слични содржини