Барселона ќе носи посебен дрес на отворањето на новата сезоната

од desk2

Раководството на Барселона одлучи во првото коло од Ла Лига против Бетис, фудбалерите на истрчаат во дресови на кои нема да се најдат имињата на фудбалерите.

Каталонскиот великан се одлучи на овој потег со цел да се оддаде почит кон жртвите во синоќешниот терористички напад во Барселона.

Клубот доби дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија и раководството на Ла Лига, за да ги променат дресовите на кои наместо презимињата ќе стои само називот Барселона.

Исто така, предниот дел од дресот ќе го содржи хаштагот #TotsSomBarcelona, додека мечот ќе стартува со едноминутен молк во чест на жртвите.

Играчите на Барселона покрај дресовите, на своите раце ќе имаат и црни ленти.

Натпреварот помеѓу Барселона и Бетис е закажан за недела од 20:15 на „Камп Ноу“..Sportski

Слични содржини