1396641793_extras_noticia_foton_7_0
Жозеп Марија Бартомеу, досегашниот прв човек на европскиот и шпански фудбалски шампион Барселона, победи на претседателските избори во каталонскиот клуб и останува на својата позиција уште еден мандат.

Според каталонските медиуми, Бартомеу добил 25.813 гласови или 55 отсто од членовите на клубот му ја дале поддршката.

Некогашниот претседател Хуан Лапорта и главен конкурент на Бартомеу добил 15.615 гласови или 33 отсто, трет е Бенедито со околу седум проценти освоени гласови.

За Бартомеу ова ќе биде втор мандат. Тој во 2014 година на претседателската функција го наследи Сандро Росељ, кој поднесе оставка. /МИА

Слични содржини