Белгиец уапсен на скопскиот аеродром

од desk2

На 14.12.2017 година во 01,40 часот на граничниот премин аеродром “Александар Велики“ Скопје на влез во Република Македонија со воздухоплов од Србија допатувал Л.А.Е. (57) од Белгија со белгиска патна исправа и дозвола за привремен престој на странец.

При проверка било констатирано дека истиот евидентира со мерка „апси“ по наредби од Основен Суд Скопје 1 и од Одделение за потраги за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Истиот е приведен и во 04,40 часот е предаден на Полициско одделение-Петровец за понатамошна постапка.

Слични содржини