Заминувањето на смартфон пазарот сè уште не е на дневен ред за BlackBerry, но не е исклучено како можност. Ова го изјави извршниот директор на компанијата Џон Чен за време на конференцијата Code Mobile, цитиран од онлајн изданието ZDNet.

zx450y250_2624825

“По некое време следната година ќе треба да направите профитабилен бизнис со мобилните уреди. Во спротивно ќе треба да размислуваме што да правиме понатаму”, вели Чен. Во моментов, компанијата подготвува нов паметен телефон кој ќе користи Android за свој оперативен систем. Се очекува да биде претставен наскоро.

Паралелно со ова продолжува и развојот на сопствената платформа на компанијата – BB10. Ќе има минимум две надградби на оперативниот систем во рамките на следните 12 до 24 месеци. Чен прецизира дека точниот број и датуми за лансирање ќе зависат од “бизнис решенијата”, веројатно дали воопшто компанијата ќе остане во сегментот на смартфоните.

Чен не коментира какви би биле другите сегменти во кои BlackBerry ќе продолжи да се развива. Во последниве месеци компанијата напорно ги преработува своите услуги, за да можат да се достапни како апликации и за конкурентни платформи. Освен тоа, се фокусира и врз сајбер безбедноста, која ќе е акцент и на паметниот телефон со Android, кој ќе се вика Priv.

Слични содржини