Пејачот Боби Браун е растргнат од неверојатно силни емоции. Само пред неколку дена неговата ќерка од бракот со Витни Хјустон беше пронајдена во несвест во кадата во неговиот дом и во моментов е на вештачко дишење во болница со опасност за животот.05ac479188abc52e3fa3c1c62356fbea

Во меѓувреме, тој сфатил дека повторно ќе станува татко, бидејќи неговата сопруга Алиша Етериџ е бремена. Идната мајка е во 4-тиот месец и Боби дури сега признал на растаженото семејство за среќниот настан.

Веста предизвика сериозна драма меѓу него и семејството на Витни што е на работ на нервен слом по случката со Боби Кристина. Младата жена нема никакво подобрување па дури и мозокот ѝ престанал да функционира.

Браун не смее да се израдува јавно од фактот дека чека бебе и признал само на најблиските дека неговото семејство ќе се зголеми по 5 месеци.

Слични содржини