Болката во грбот не избира возраст

од Vladimir Zorba

Може да сметаме дека болката во грбот е нешто што влијае само на родителите или нивните родители, но овој вид “нерасположение“ всушност може да нè нападне многу порано и доста почесто отколку што очекуваме.

Всушност околу 80% од луѓето страдаат од болки во грбот во одреден момент во својот живот. Сосема нормално е првите поплаки да се појават на 30. Еве и уште неколку интересни и корисни факти поврзани со болките во грбот.

– Болката во грбот се среќава релативно почесто кај жените, отколку кај мажите, особено меѓу бремените – околу половина од нив имаат такви поплаки.

– Овие болести или моментални болки се одразуваат негативно на физичките вежби и на квалитетот на сонот.

– Околу 20% од случаите болката во грбот трае цели 12 недели.

– Причина за појавата може да биде растегнување или преметнување, како и долготрајно седење и неправилна позиција на телото.

– Брзата акумулација на килограми и пушењето се исто така меѓу причините за болка во грбот. Дополнителната тежина доведува до повисок напон на ‘рбетот, а цигарите можат да ги ослабат коските.

Добрите вести се дека има како да се бориме со болката во грбот. Меѓу нив се физичките вежби, вклучувајќи јога, пилатес. Лекарот исто така може да ни препише лекови или терапија.

Слични содржини