„Бомбите“ на СДСМ ги тргнал корисникот кој ги блокирал и видеата од Шарената револуција

од Vladimir Zorba

Седумнаесетте „бомби“ избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ биле тргнати по пријава од „ОМД Нетворк“, кој е корисникот што досега го правеше истото (бараше да се отстранат) видеа на „Нова ТВ“  од Шарената револуција и студентските протестина објавени на „Јутјуб“, пишува  „Нова ТВ“.

Сепак, како што нагласува после аргументација испратена до Јутјуб, видеата биле вратени.

„ОМД Нетворк“ е истиот корисник кој досега редовно ги пријавува и видеата на НОВА. Досега оваа мрежа успеа да блокира неколку видеа на НОВА од Студентските протести и Шарената револуција, како и прес конференции на Специјалното јавно обвинителство. По аргументациите, „Јутуб“ ги враќаше видеата назад“, пишува порталот.

Од каналот на СДСМ се отстранети „бомбите“ за смртта на Никола Младенов, разговорот во кој, според СДСМ, се слуша дека Сашо Мијалков стои зад фирмата СГС, „бомбата“ во која, според СДСМ, се слушаат Груевски и Али Ахмети како договараат закон за бранители, за што подоцна „Викиликс“ објави документ, потоа за плацевите кои, според СДСМ, Груевски си ги купил на Водно, разговори за кои СДСМ обвини дека се слуша како ВМРО-ДПМНЕ мести избори, прислушува новинари и уште многу други.

На „Јутјуб“ се уште се наоѓаат видеата од снимката Заев – Груевски во кабинетот на премиерот, тајно сниманите видеа на кои наводно Заев бара поткуп од бизнисмен, како и снимките од Љубе Бошкоски./Мета

Слични содржини