Бостон се поблиску до првата позиција во Источната конференција

од Vladimir Zorba

 

Со триумфот над Индијана на домашен терен постигнат ноќеска кошаркарите на Бостон се се поблиску до првото место на „Исток“, особено по поразот на шампионот Кливленд на гостувањето кај Денвер. Двата тима имаат идентичен број победи 46, а Бостон има два пораза повеќе од два натпревара повеќе одиграно.

На ноќешните дуели својот 35.ти „трипл-дабл“ го оствари Расел Вестбрук и тоа без промашување – 18 поени, 11 скокови и 14 асистенции.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Орландо – Шарлот 102:109,
Бостон – Индијана 109:100,
Чикаго – Детроит 117:95,
Оклахома Сити – Филаделфија 122:97,
Вашингтон – Атланта 104:100,
Денвер – Кливленд 126:113,
Сакраменто – Милвоки 98:116 и
Јута – Њујорк 108:101.

Пласман Источна конференција: Кливленд 46-24 (победи-порази), Бостон 46-26, Вашингтон 43-28, Торонто 42-29, Атланта 37-34, Милвоки 36-35, Индијана 36-35, Мајами 35-36,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 57-14, Сан Антонио 54-16, Хјустон 49-22, Јута 44-28, ЛА Клиперс 43-29, Оклахома Сити 41-30, Мемфис 40-31, Денвер 34-37/МИА

Слични содржини